Во јуни се издадени 180 одобренија за градење, што е за 27,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,50 милијарди денари што е за 83,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 (77,2%) се наменети за објекти од високоградба, а 14 (7,8%) за објекти од нискоградба и 27 (15,0%) за објекти за реконструкција. Според податоците на статистика, од вкупно 180 објекти, на 139 (77,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објект (22,8%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 199 станови, со вкупна корисна површина од 20.451 м2.
Во јуни се издадени 180 одобренија за градење, што е за 27,7% помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1,50 милијарди денари што е за 83,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 (77,2%) се наменети за објекти од високоградба, а 14 (7,8%) за објекти од нискоградба и 27 (15,0%) за објекти за реконструкција. Според податоците на статистика, од вкупно 180 објекти, на 139 (77,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објект (22,8%) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 199 станови, со вкупна корисна површина од 20.451 м2.
Наспроти ова, во првите шест месеци годинава вкупната вредност на договорените градежни работи на македонските градежни компании во странство изнесува 4,95 милијарди денари или околу 80 милиони евра. Во наведениот период, македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 454 милиони денари што е за 203,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Индија, Швајцарија, Бугарија, Либиска Арапска Џамахирија, Босна и Херцеговина и Словенија.